КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПАРИТЕ

ТРАНСФЕРМАРКТ: Барди е најскапиот македонски фудбалер!

Според специлизираниот портал за вредност на фудбалерите, Енис Барди вреди 5.000.000 евра, со исто толкава вредност е и Илија Несторовски од Палермо

објавено: 8 мај 2018 - 15:30

Енис Барди и Илија Несторовски, според Трансфермаркт кој е специлизиран портал за вредност на фудбалерите, се најскапите или највредните македонски играчи. Нивната цена изнесува 5.000.000 евра, сепак во мала предност е Барди со оглед на тоа дека е член на Леванте кој игра во Прва лига и дека моментално е во страшна форма, ако се земе в предвид дека речиси секој негов слободен удар е гол.

Едноставно е мајстор. И тоа дека неговата откупна клаузула е околу 20.000.000 – 25.000.000 евра. А таа на Нестор е нешто помала, Палермо за него бара 15.000.000 евра.
Инаку кога сме кај ТОП 10 највредни играчи од Македонија, тука се и Езџјан Алиоски, Стефан Ристовски, потоа Адис Јаховиќ, Музафер Ејупи, Леонард Жута, Иван Тричковски и Аријан Адеми. Секако дека цената на капитенот на Динамо допрва ќе расте, посебно ако се знае дека пред допинг скандалот според Трансфермаркт тој вредеше повеќе од 6.000.000 евра. Но паузата си го направи своето и тој падна на само 850.000 евра.

САМО ХАСАНИ ОД ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Ферхан Хасани, капитенот на Шкендија и убедливо најдобриот фудбалер во моментов во нашата Прва лига, е единствениот во ТОП 10 играчи кои моментално доаѓаат од Македонија. Во случај на трансфер летово во некој европски клуб, или пак во случај Буба да ја „однесе" Шкендија што подалеку во квалификациите во Лигата на Шампионите, тогаш секако дека и неговата цена ќе се зголеми и тоа како.

ТАБЕЛА
1.ЕНИС БАРДИ 5.000.000 евра (Леванте – Шпанија)
1.ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ 5.000.000 (Палермо – Италија)
3.ЕЗЏЈАН АЛИОСКИ 4.000.000 (Лидс – Англија)
4. СТЕФАН РИСТОВСКИ 2.500.000 (Спортинг – Португалија)
5.АДИС ЈАХОВИЌ 1.750.000 (Коњаспор – Турција)
5.МУЗАФЕР ЕЈУПИ 1.750.000 (Осијек – Хрватска)
7.ЛЕОНАРД ЖУТА 1.250.000 (Ријека – Хрватска)
8.ФЕРХАН ХАСАНИ 1.000.000 (Шкендија – Македонија)
8.ИВАН ТРИЧКОВСКИ 1.000.000 (АЕК Ларнака – Кипар)
10.АРИЈАН АДЕМИ 850.000 (Динамо Загреб – Хрватска)

Најново во Фудбал