Притисок за тренерот на Шкупи, Рамадан

Транспарент во Чаир - „Зеко оди си“ (Фото)

Дел од симпатизерите на Шкупи се незадоволни од работата на новиот тренер Зекирија Рамадан, па утринава на стадионот во „Чаир“ осамна транспарент со порака „Зеко оди си“

објавено: 16 април 2018 - 10:56

Дел од симпатизерите на Шкупи се незадоволни од работата на новиот тренер Зекирија Рамадан, па утринава на стадионот во „Чаир" осамна транспарент со порака „Зеко оди си".

Во нашиот фудбал ова не е ништо ново, но се чувствува притисок врз Рамадан, кој има два порази и едно реми, тоа вчера против шампионот Вардар. 

Малку е чудно што транспарентот се појави по дуелот со Вардар, на кој чаирчани загубија два бода во последните моменти, но реми против најтрофејниот клуб тешко дека може да се окарактеризира како неуспех.

Најново во Фудбал