РАБОТНИЧКИ ПО НОВА ПОБЕДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА 3. МЕСТО

Треневски: Македонија ЃП не смее да се потцени

Работнички утре на Арената „Филип Втори“ го пречкува Македонија ЃП во рамките на 28. коло во ПМФЛ. Иако „романтичарите“ за противник го имаат последнопласираниот тим на табелата, сепак ќе влезат максимално мотивирано. 

објавено: 21 април 2017 - 14:20

 Работнички утре на Арената „Филип Втори" го пречкува Македонија ЃП во рамките на 28. коло во ПМФЛ. Иако „романтичарите" за противник го имаат последнопласираниот тим на табелата, сепак ќе влезат максимално мотивирано.

„Играме против Македонија ЃП, еден млад и полетен тим, кој претходно во првенството веќе ни покажа дека може да биде многу незгоден ривал. Затоа, мораме максимално мотивирано да влеземе во овој дуел, да наметнеме свое темпо и да ги заслужиме трите бода. Имаме квалитет, имаме и поголемо искуство, но сето тоа треба да се покаже и да се потврди на теренот", вели тренерот на Работнички, Виктор Треневски.

Иако Работнички засега добро ја чува третата позиција на табелата, стратегот на „романтичарите“ смета дека работата ниту од далеку не е завршена.

„Никако, не смееме да помислиме дека работата сме ја завршиле. Има уште една четвртина од шампионатот, во опција се уште 27 бода. Мораме да продолжиме во темпото што го имаме во последните триесетина дена, да победуваме, да освојуваме бодови, се до самиот крај на првенството", истакнува Треневски.

Најново во Фудбал