КОМПЛЕКСОТ НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СРЕЌЕН ЗА ДОМАШНИТЕ

Тренинг кампот на „Пандевци“ крцаше, „Академците“ го „растурија“ Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Модерниот тренинг центар официјално не е пуштен во употреба, но денеска на него се одигра контролен меч во кој Академија Пандев му даде шест гола на Вардар

објавено: 10 февруари 2019 - 17:57

На денешниот натпревар, Академија Пандев го совлада Вардар со 6:1 во меч кој траеше 120 минути (2Х60 мин.). 

Иако тренинг центарот на „Пандевци“ не е пуштен во употреба, сепак, публиката имаше можност денеска да го гледа овој интересен натпревар, и да се радува на триумф на „своите“ со 6:1. Трибината на тренинг центарот беше денеска преполна, а се гледаше и од други страни.  

Фото: Strumica.net

 

Најново во Фудбал