БИТОЛЧАНИ НЕ ЗНААТ НИТУ ДА ИЗГУБАТ, НИТУ ДА ПОБЕДАТ

Трет меч, трето реми за Пелистер

Битолчани два пати беа во негатива, но на крајот стигнаа до нерешено во дуелот со Кајсери Кизилорда од Казакстан

објавено: 4 февруари 2017 - 16:38

Пелистер продолжува со нерешените резултати на подготовките во Турција. Битолчани во третата контрола, стигнаа до третото реми. Овојпат одиграа 2:2 во дуелот со Кајсери Кизилорда од Казакстан. Во првите два меча во Турција, беше 0:0 против Монтана и 2:2 против Ботев. 

Пелистер на овој дуел покажаа карактер да се вратат од негатива. Губеа со 0:2, но на крајот останаа непоразени. Екипата од Казакстан уште по само 8 минут водеше со 1:0, а потоа зголемија дадоа и втор погодок.

Сепак Пелистер покажа дека има менталитет и дека не се предава. Во 75 минута Баже Илијоски одпенал намали на 1:2, откако противничкиот играч Иван Граф играше со рака. Потоа битолчани нападнаа за да дадат втор гол и тоа се случи во 90 минута. 

Тошевски центрираше од десната страна, Фернандо шутираше, а голманот одбрани, но одбиената топка дојде до Бујчевски, кој погоди за 2:2.Ова се случуваше во 90 минута од мечот. Средбата во Анталија ја следеше и селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.

Пелистер на овој натпревар стартуваше со Пашовски, Тошевски, Мишевски, Аугусто, Мециновиќ, Мирчевски, Илиев, Љамчевски, Силва, Илијоски и Лукас.

Најново во Фудбал