Комплетиран првиот ден од подготовките во Турција

Тргна „пеколот“ за „вардарци“ во „Каја Палацо" (ФОТО)

Вардар го комплетираше оној секогаш најтежок дел, прв ден од подготовките во Анталија. И тоа со два одработени тренинга.

објавено: 17 јануари 2018 - 18:45

Вардар го комплетираше оној секогаш најтежок дел, прв ден од подготовките во Анталија. И тоа со два одработени  тренинга.

Момците на Чедомир Јаневски работеа и на подобрување на физичката подготвеност на утринскиот тренинг, како и на воигрување на различни тактички варијанти во текот на попладневната подготовка.

Сите фудбалери максимално ги исполнија задачите зададени од стручниот штаб.

Утре исто така екипата ќе има два тренинга. Вардарци во хотелскиот комплекс „Каја Палацо" ги имаат сите потребни услови за одработување на тренинзите.

Најново во Фудбал