„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ГИ СТАРТУВАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Тргна Вардар, кон Европа, и да ја врати титулата во Скопје!

Шефот на стручниот штаб, Бобан Бабунски означи старт на летните подготовки за настапите во Лигата на Европа и она што следува...

објавено: 11 јуни 2018 - 18:41

Вардар денеска тргна со летните подготовки, и секако главен акцент на истите ќе биде ставен на квалификациите во Лигата на Европа, кои според распоредот ова лето стартуваат кон средината на месец јули.

Денеска попладне Вардаровиот сениорски тим се собра во тренинг кампот во Хиподром, а потоа следуваше прозивката на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски.

Медицинските прегледи на играчите беа одработени во текот на денешниот ден.

Играчите беа поздравени од стручниот штаб на екипата, од раководството, им беше посакана среќа во новиот подготвителен период, како и во настапите во новата сезона.

„Вардарци“ до среда ќе тренираат во Скопје, а во четврток заминуваат во местото Зрече во Словенија, каде што ќе го минат главниот дел од подготовките, каде што низ контролни мечеви ќе се воигруваат за квалификациите во Лигата на Европа.

Во Словенија „црвено-црните" ќе одиграат седум пријателски натпревари.

Серијата на „контроли" почнува на 17 јуни против Шампион Целје, а на 20.јуни, Вардар ќе игра против Домжале. Ден подоцна нашиот тим ќе спарингува со Марибор, а на 25. јуни ќе игра со Оренбург. Потоа, на 26, екиоата на Балзан ќе биде противник на Вардарци, на 29, „црвено-црните“ ќе играат со Херманштад, додека пак серијата на пријателски мечеви завршува со дуел против Целје на 30. јуни.

 

Најново во Фудбал