Се одржа традиционалниот турнир во Кавадарци

Трофејот „Вуко Каров“’ во рацете на Еуромилк

Лисичани беа подобри од екипите на Тиквеш односно Тетекс, во тромечот кој се играше по италијански систем.

објавено: 25 февруари 2018 - 17:37

Екипата на Еуромилк е освојувач на овогодинешното издание на турнирот Вуко Каров. Лисичани беа подобри од екипите на Тиквеш односно Тетекс, во тромечот кој се играше по италијански систем.

Турнирот беше отворен со мечот Тиквеш – Тетекс кој заврши 3:1, потоа Еуромилк и Тетекс одиграа без голови, за да Чаволи со гол го реши третото полувреме помеѓу Еуромилк и Тиквеш.

За најдобар голман на турнирот е прогласен Мирза Дураковиќ од Еуромилк, а за играч на турнирот Ѓорѓи Мојсов од Тиквеш.

Најново во Фудбал