Струмичани итаат кон елитата

Тројките на Беласица за Прва лига

Беласица ита кон Првата лига, а а патот кон враќање во елитата им дели тројки на противниците

објавено: 17 април 2018 - 13:25

Беласица ита кон Првата лига, а а патот кон враќање во елитата им дели тројки на противниците. Струмичани речиси сигурно ќе имаат два прволигаши од идната сезона, а на Академците на Пандев ќе им се приклучи лидерот во Истопчната група од Втората лига, Беласица.

Со 8 бода предност и без пораз на последните 10 натпревари, Беласица е апсолутен фаворит за првото место и директен пласман во Првата лига. И на последните три меча ги декласира противниците со идентичен резултат од 3:0. Сега на ред е меч со Осогово на домашен терен, а со триумф струмичани ќе бидат на еден чекор до заверка на пласманот во највисок ранга на натпревари кај нас.

За разлика од Истокот во сосема спротивна насока се одвива првенството во Западната група. Таму пред 21. коло, или на 7 рунди до крајот мртва трка за првото место бијат дури пет екипи. Лидерот Македонија Ѓ.П. денеска од 16 часот има лесна задача против претпоследниот Зајас. Дербито е во Струга каде ќе гостува Лабуништа. Двете екипи се кандидати за пласман во највисок ранг, а заостануваат зад лидерот за два, односно три бода. Шанси за пробив во елитата имаат и Гостивар и Влазерими со по еден бод помалку од Македонија Ѓ.П. Денеска на мегдан на Гостивар му доаѓа Локомотива, а Влазерими игра со фенерџијата Новаци.

Двојки, Втора Лига Исток, 16 часот: Беласица - Осогово, Брегалница - Победа Валандово, Плачковица - Саса, Кожув - Тиквеш.

Запад: Македонија Ѓ.П. - Зајас, Струга - Лабуништа, Влазерими - Новаци, Гостивар - Локомотива, Еуромилк - Тетекс.

Најново во Фудбал