Битола побеле пред големото дерби

„Тумбе кафе“ со снег, и без ограда ги дочекува „вардарци“ (ФОТО)

Би се рекло сосема очекувано за оние „битолски услови на функционирање", во „градот на конзулите“ стигна и првиот слој на снег, кој јасно е ќе биде еден од „декорот" со кој утре попладне големите ривали ќе ги одмерат силите и ќе покажат кој е подобар во овој момент.

објавено: 29 ноември 2016 - 17:45

Дефинитивно снежен ќе биде амбиентот оваа среда во Битола, за големото дерби на македонскиот фудбал во кој Пелистер ќе го пречека лидерот на табелата, екипата на Вардар.

Би се рекло сосема очекувано за оние „битолски услови на функционирање“, во градот стигна и првиот слој на снег, кој јасно е ќе биде еден од „декорот“ со кој утре попладне големите ривали ќе ги одмерат силите и ќе покажат кој е подобар во овој момент. 

Последните снимки од „Тумбе кафе“ велат дека промена ќе има и покрај теренот, затоа што на една страна од трибините е тргната и онаа ограда која го дели просторот наменет за гостински навивачи и игралиштето на кое Пелистер и Вардар ќе ги бараат бодовите.

За потсетување, на онаа прва пресметка во Скопје, „пелистерци“ изненадија и му „симнаа“ два бода на тогаш, големиот фаворит. 

Како ќе биде во Битола, ќе видиме утре попладне...

Најново во Фудбал