Трета победа за кавадарчани

Убав хоризонт за Тиквеш во Турново

Тиквеш направи подвиг и ја забележа третата победа во второлигашката конкуренција, денеска во меч од 15. коло против Хоризонт во Турново

објавено: 8 март 2017 - 16:05

Тиквеш направи подвиг и ја забележа третата победа во второлигашката конкуренција, денеска во меч од 15. коло против Хоризонт во Турново.

Гостите од Кавадарци славеа со 2:1, иако губеа со 0:1 од десеттата минута. Со два гола во првиот дел гостите поведоа со 2:1 и ја задржаа предноста до крајот на мечот.

Со овој триумф Тиквеш си ги зголеми шансите за опстанок, иако се уште е фенерџија со 10 бода. Турново остана на шестата позиција со 19 бодови.

Најново во Фудбал