АРГЕТИМ АСАНИ БЕШЕ ПРЕТСТАВНИК ОД ОФС СТРУГА

Убиен висок функционер на ФФМ!

Асани покрај тоа што беше член на Управниот одбор на ФФМ, предложен од ОФС Струга, беше и заменик директор на УЈП.

објавено: 25 јули 2015 - 16:10

Аргетим Асани, член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија е убиен денеска во Струга. Асани им подлегнал на повредите во струшката болница откако бил застрелан во центарот на градот денеска околу 13.30 часот.

Како што информираат од МВР, во Асани било пукано од автомобил „голф“ во движење на кејот на реката Дрим. Напаѓачите избегале, а ранетиот Асани е однесен во болница каде што починал од повредите здобиени од куршуми.

Асани покрај тоа што беше член на Управниот одбор на ФФМ, предложен од ОФС Струга, беше и заменик директор на УЈП.

Најново во Фудбал