ПО БРОЈНИТЕ ЗАМЕРКИ ЗА „МЛАДОСТ“, КОНЕЧНО ПОПУШТИЈА

УЕФА ќе направи исклучок: Вардар ќе игра на Арената

Постои голема можност првиот меч од 3. квалификациско коло од ЛШ помеѓу Вардар и Копенхаген да се одигра во среда на арената „Филип Втори“, открива единствениот спортски весник „Македонски спорт“, на својата официјална интернет страница. 

објавено: 20 јули 2017 - 12:15

По бројните замерки за стадионот „Младост“ во Струмица, постои голема можност првиот меч од 3. квалификациско коло од ЛШ помеѓу Вардар и Копенхаген да се одигра во среда на арената „Филип Втори", открива единствениот спортски весник „Македонски спорт", на својата официјална интернет страница.

„Во текот на денот ќе се знаат детали околу оваа информација, меѓутоа постои голема веројатност тоа и да се оствари. Првиот меч треба да се игра во Копенхаген, но со интервенција на УЕФА тоа би можело да се смени, па прво да се игра во Скопје, а реваншот во Данска. Секако ако ова се случи тоа ќе биде одлична увертира за УЕФА Суперкупот на 8 август на нашиот најголем стадион“, се вели во текстот на „sport.com.mk“. 

Ова ќе биде одлична можност за сите фанови на македонскиот шампион да дојдат во што поголем број и да им дадат поддршка на фудбалерите на Вардар да направат уште еден голем чекор во квалификациите за ЛШ.

 

 

Најново во Фудбал