ПРЕТХОДНО СЕ НАЈАВУВАШЕ, ТОА ДЕНЕСКА СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ

Умит Каран промовиран како нов тренер на Шкупи (ФОТО)

Прволигашкиот клуб од Чаир денеска пред медиумите беше промовиран новиот тренер на ФК Шкупи, Умир Каран како наследник на досегашниот шеф на стручниот штаб, Хајат Сојдаш.

објавено: 4 октомври 2018 - 13:56

Туфан Дас е назначен како нов генерален директор на местото на Шефшет Демири, прв човек на клубот.

„Ние од Турција сме тука дојдени за Шкупи. На претходните им се заблагодаруваме. Новиот проект со нов директор одиме натаму", вели Дас.

41-годишниот Каран е поранешен прославен напаѓач на турскиот гигант Галатасарај и своевремено репрезентативец на таа земја.

Во кариерата како фудбалер беше дел уште од Туркијеспор Берлин, Генчлербирлиги, Анкараспор и Ескишехирспор.

„Последен пат во Македонија бев со репрезентацијата. Овде има многу таленти. Шкупи е голем клуб и проекти, затоа сме и тука. Во лигата сме последни и тука сме да го извадиме Шкупи од криза. Наша цел е и да наоѓаме и таленти. Се треба да се смени од почеток, сакаме и бараме помош. Најголемата поддршка ни треба од новинарите. Заедно ќе направиме многу работи. Како клуб сме силни, но не чекаат тешки денови со екипата. Тука сме за Шкупи. Сакаме светска марка од Шкупи. Среќен што сум тука. Ќе прашате зошто Умит Каран е тука. Ние сме голем проект и затоа сме тука", изјави Каран.

Вели дека за договорот нема потреба да се зборува и додаде:

„Се додека ме сакаат тука и јас ќе бидам тука. Сакам поради нас да дојдат и турски фанови. Чекаме на нив".

Најново во Фудбал