ПОСЛЕДИЦИ ОД ДУЕЛОТ СО СИЛЕКС

Вака „изгледа" Горан Попов по гостувањето во Кратово (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар ја прекинаа серијата на лои игри и на порази. Во Кратово беа подобри од Силекс, славеа со (2:0). И на моменти грубата игра на Силекс не беше доволна да се спречат нападите на Вардар кои што во 14 и во 20 минута донесоа плус два.

објавено: 29 април 2018 - 21:00

Фудбалерите на Вардар ја прекинаа серијата на лои игри и на порази. Во Кратово беа подобри од Силекс, славеа со (2:0). И на моменти грубата игра на Силекс не беше доволна да се спречат нападите на Вардар кои што во 14 и во 20 минута донесоа плус два.

Најпрво Горан Попов со глава стрелаше, а потоа и Исени успеа да го совлада Митровиќ, доволно за Вардар да се стекне со недостижна предност.

А грубата игра на домашните фудбалери се гледа и преку „изгледот" на Горан Попов.
Стрелецот на првот гол се врати за Скопје со неколку расекотини, како на делот вратот, така и на коленото, последица на оној воздушен дуел по кој ја матираше домашната одбрана.

Сосема спротивно гласи и изјавата на тренерот на домашната екипа Жикица Тасевски, според кој токму првиот гол бил нерегуларен, односно дека во тој дуел, судиите-интернационалци не досудиле прекршок од Попов, кој освен тоа и го повредил домашниот фудбалер (добил четири „конци").

Најново во Фудбал