Се најавува засилување од Србија

Вања Марковиќ „раскина“ со Корона и тргна на пат кон Вардар

Српскиот интернационалец Вања Марковиќ преговара со Вардар за да ги засили „црвено-црните“, а 23-годишниот дефанзивен играч во средниот ред го раскина договорот со Корона Кјелце

објавено: 23 август 2017 - 13:56

Српскиот интернационалец Вања Марковиќ преговара со Вардар за да ги засили „црвено-црните", а 23-годишниот дефанзивен играч во средниот ред го раскина договорот со Корона Кјелце.

Интересно е што тој имал контакт и со Шкендија, но сега Вардар е во преден план. Марковиќ е висок 185 сантиметри, а игра на позицијата последен играч за врска. За Кјелце играше 4 сезони и има 67 настапи, но си заминал поради конкуренцијата во тимот и речиси загарантираното место на клупата на полскиот прволигаш.

Договор со Вардар се уште не е постигнат, но има големи шанси Марковиќ да биде новото летно засилување за македонскиот шампион, особено ако го минат Фенербахче и се пласираат во Европа Лигата.

Најново во Фудбал