Шампионот со проблеми во одбраната

Вардар без Брдаровски и Велковски против Шкендија

Владица Брдаровски и Дарко Велковски нема да играат за шампионот Вардар против Шкендија, утре во Тетово во големото дерби против лидерот Шкендија

објавено: 13 февруари 2018 - 11:38

Владица Брдаровски и Дарко Велковски нема да играат за шампионот Вардар против Шкендија, утре во Тетово во големото дерби против лидерот Шкендија.

Двајцата дефанзивци на Вардар се повредени и ќе го прескокнат веројатно и најважниот меч во првенството. Велковски се врати од Анталија на подготовките на Вардар, поради повреда, а Брдаровски повторно немаше среќа. Во финишот на зимските подготовки го повреди скочниот зглоб, откако претходно долго паузираше. Овојпат не е ништо сериозно, но ќе мора да мирува до крајот на оваа недела и нема да игра со Шкендија.

Дербито е закажано за утре од 14 часот.

Најново во Фудбал