Одлично второ полувреме за шампионот

Вардар е пресилен за Шкупи, Николов и Максимов закажаа двомеч со Шкендија во купот

Вардар сепак е пресилен за Шкупи и со два гола во второто полувреме во режија на Бобан Николов и на Максим Максимов го проби бункерот на чаирчани и со триумф од 2:0 се пласираше во четвртфиналето на националниот куп

објавено: 17 декември 2017 - 14:54

Вардар сепак е пресилен за Шкупи и со два гола во второто полувреме, во режија на Бобан Николов и на Максим Максимов го проби бункерот на чаирчани и со триумф од 2:0 се пласираше во четвртфиналето на националниот куп.

Отпорот на Шкупи траеше нешто повеќе од еден час, а портата за Вардар ја отвори Николов со прецизен удар со глава. Одлично му асистираше Дејан Блажевски, за да се пробие бункерот на домаќините. Во финишот Николов му направи чиста позиција на шпицот на Вардар, Макимов, а рускиот интернационалец лесно погоди и го потврди патот на „црвено-црните“ кон четвртфиналето.

Таму во големото дерби ги чека Шкендија во двомеч на двете првопласирани екип во домашното првенство. Полуфиналисти веќе се Пелистер, Ренова и Академија Пандев.

 

Најново во Фудбал