И шампионот во погон

Вардар ги пали моторите за пролетниот дел

Македонските прволигаши деновиве ги почнаа или ги почнуваат подготовките за продолжението на домашното првенство, а денеска од 13 часот и шампионот Вардар ги пали моторите во битката за одбрана на титулата и атак на пехарот во националниот куп

објавено: 8 јануари 2017 - 12:44

Македонските прволигаши деновиве ги почнаа или ги почнуваат подготовките за продолжението на домашното првенство, а денеска од 13 часот и шампионот Вардар ги пали моторите во битката за одбрана на титулата и атак на пехарот во националниот куп.

На тренинг центарот во Хиподром Гоце Седлоски ќе прозива, а единствено ново лице во ростерот на шампионот засега е Бесир Демири. 

Од денеска до 20 јануари „црвено-црните“ ќе тренираат во Скопје, а потоа ќе заминат за Анталија, каде ќе биде главниот дел од подготовките до 11. февруари. 

Натпреварите во Првата македонска лига продолжуваат на 19. февруари, со 19. коло во кое Вардар ќе му биде домаќин на Шкупи.

Најново во Фудбал