ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ПРОТИВНИКОТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛШ

Вардар го чека противникот во ЛШ: Селтик, Легија, Малме, Марибор, Розенборг или Хафнарфјордур

Денеска точно напладне ќе се знае ривалот на македонскиот првак во квалифиакциите за елитната лига на УЕФА

објавено: 19 јуни 2017 - 09:43

Македонскиот фудбалски првак Вардар денеска точно напладне ќе го дознае противникот во квалификациите за второто коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се во групата на неносители, што значи дека ќе ја имаат улогата на аутсајдер.

Според УЕФА, Вардар има шест можни противници на стартот. Ждрепката ќе реши дали Вардар ќе игра против еден од овие шампиони: Селтик (Шкотска), Легија (Полска), Малме (Шведска), Марибор (Словенија) Розенборг (Норвешка), Хафнарфјордур (Исланд).

Најново во Фудбал