ШАМПИОНОТ ГО ПОТПИША ВТОРОТО ЗАСИЛУВАЊЕ

Вардар го официјализираше Бесар Исени

Вардар денеска го ангажираше и второто засилување во летниот преоден рок. Станува збор за фудбалерот од средниот ред Бесар Исени, кој што во следните три години ќе го носи дресот на „црвено-црните". Исени во Вардар доаѓа од екипата на Шкупи.

објавено: 15 јуни 2017 - 20:34

Вардар денеска го ангажираше и второто засилување во летниот преоден рок. Станува збор за фудбалерот од средниот ред Бесар Исени, кој што во следните три години ќе го носи дресот на „црвено-црните". Исени во Вардар доаѓа од екипата на Шкупи.

„Време беше за нов предизвик во мојата кариера. Мислам дека направив правилен избор со тоа што станав дел од Вардар. Клубот секогаш има амбиции да биде на првото место и да освојува титули, а тоа беше една од причините затоа што дојдов тука. Ќе давам се од себе на тренинзите да се наметнам кај стручниот штаб и да добијам шанса во екипата на Вардар. Во оваа екипа имам можност да напредувам и да се надоградувам како играч. Од оние кои ги познавам, ми рекоа дека во тимот се работи на високо, професионално ниво. Со нетрпение очекувам да добијам шанса и да играм во Вардар. На крај благодарност до раководството и до стручниот штаб за довербата. Сигурен сум дека ќе биде добро прифатен од моите нови соиграчи", изјави новото засилување на Вардар, Исени.

Најново во Фудбал