Тешко се игра на неколку фронта

Вардар го плаќа европскиот данок, лидерот Шкендија го декласира Работнички

Вардар го плаќа данокот на настапите во Европа и денеска не успеа комплетно да се префрли на домашниот колосек па само ремизираше, 1:1 со Скопје на гостински терен и со меч помалку има 6 бода негатива зад лидерот Шкендија. Екипа која прикажа одличен фудбал и со неверојатни 6:2 го декласира фенерџијата Работнички на гостински терен

објавено: 17 септември 2017 - 17:33

Вардар го плаќа данокот на настапите во Европа и денеска не успеа комплетно да се префрли на домашниот колосек па само ремизираше, 1:1 со Скопје на гостински терен и со меч помалку има 6 бода негатива зад лидерот Шкендија. Екипа која прикажа одличен фудбал и со неверојатни 6:2 го декласира фенерџијата Работнички на гостински терен.

Домашните не забележаа ниту една победа денеска на четири меча, а од нив најмногу причини за радост има Скопје. Аустајдерите од Автокоманда го сопреа шампионот Вардар и со реми, 1:1, освоија голем бод. Џугурдиќ постигна сефте гол за Скопје и израмни на 1:1 во првиот дел, откако Фелипе му донесе предност на Вардар. Во второто полувреме кај гостите беше исклучен Грнчаров, па со 10 играчи Вардар не успеа да победи.

Шкендија го декласира Работнички со 6:2, а голеадата во Ѓорче Петров мина со по 4 погодоци во двете полувремиња. И во двете беше 3:1 за гостите, а стрелци беа Хасани двапати, Ибраими, Алими, Тодоровски и Шефити. Кај домаќините погодијаМаковски и Чинеду, а мечот беше решен веднаш на почетокот, во седмата минута кога беше исклучен Дурански, а Хасани погоди од белата точка.

Резултати, 5. коло: Работнички - Шкендија 2:6, Скопје - Вардар, Победа - Академија Пандев 2:2, Силекс - Шкупи. Вчера: Ренова - Пелистер 1:0.

Табела: Шкендија 13, Пелистер и Академија  Пандев по 8, Вардар (меч помалку) и Шкупи по 7, Ренова и Победа по 5, Скопје 3, Работнички 2 бода.

 

Најново во Фудбал