НОВо ИМЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ ВО ХИПОДРОМ

Вардар го пробува Аргентинецот Охеда (ФОТО)

Охеда игра на позицијата офанзивен играч за врска, а бил дел од Ривер Плејт, кој што му е последен клуб пред да дојде на „тестови" во „црвено-црните".

објавено: 14 јануари 2018 - 13:29

Аргентинскиот интернационалец Лукас Нахуел Охеда, се наоѓа на тренинзи со Вардар кои се одработуваат во тренинг кампот во населбата Хиподром.

Станува збор за фудбалер кој што е роден 3. септември 1994 година во Буенос Аирес, и ќе мине извесен период на проба во нашиот клуб, пред да биде донесена одлука дали ќе биде ангажиран.

Охеда игра на позицијата офанзивен играч за врска, а бил дел од Ривер Плејт, кој што му е последен клуб пред да дојде на „тестови" во „црвено-црните".

Аргентинецот оди и на подготовки со екипата во Анталија каде што ќе биде дел и од неколку од закажаните пријателски натпревари на подготовките во Турција, преку кои стручниот штаб ќе има појасна слика за неговите квалитети.

Најново во Фудбал