Двата големи ривали ќе ја бркаат првата победа

Вардар и Победа на поправен испит во Ѓорче Петров

Шампионот Вардар и Победа ќе бидат денеска на поправен испит во второто коло од домашниот шампионат, откако на стартот пртетрпеа порази во дерби мечевите со Шкендија и Пелистер

објавено: 20 август 2017 - 15:35

Шампионот Вардар и Победа ќе бидат денеска на поправен испит во второто коло од домашниот шампионат, откако на стартот пртетрпеа порази во дерби мечевите со Шкендија и Пелистер.

Традицијата во меѓусебдните мечеви и квалитетот му даваат предност на домаќинот, на Вардар, кој денеска од 17 часот ќе игра на теренот во Ѓорче Петров. На последните 10 пресметки Победа има само една победа против најтрофејниот клуб во Македонија.

Во Битола ќе се игра уште едно дерби меѓу европските преставници летово, Пелистер и Работнички, а во Струмица е првата пресметка на новите прволигаши Академија Пандев и Скопје. Сите три меча се играат од 17 часот, а утре во истиот термин ќе играат меѓусебе Шкупи и Шкендија.

Најново во Фудбал