Време е за дерби

Вардар и Шкендија утре гласаат за титула

Вардар и Шкендија утре од 14,30 часот со дерби меч го почнуваат вториот круг од домашното првенство. Еден ден пред локалните избори за Градоначалници, на „Филип Втори“ арената ќе се „гласа“ за титулата

објавено: 13 октомври 2017 - 12:11

Вардар и Шкендија утре од 14,30 часот со дерби меч го почнуваат вториот круг од домашното првенство. Еден ден пред локалните избори за Градоначалници, на „Филип Втори" арената ќе се „гласа" за титулата.

Вардар нема избор освен победа за да се врати рамноправно во трката за домашниот трофеј, а три бода за Шкендија ќе ја доведат многу блиску до целта и прекин на тригодишната доминација на актуелниот првак. Иако има уште доста да се игра утрешното дерби може да одлучи доста работи. Вардар има тешки мечеви и во Европа, има згуснат распоред и два неодиграни домашни натпревари, па бодовите му се императив.

„Нашата цел на овој натпревар е освојување на трите бода, иако играме против една добра екипа. Меѓутоа верувам дека ако играме онака како што ќе се договориме можеме да ја оствариме нашата цел. Ја повикувам и публиката да дојде во што поголем број да ни даде поддршка за да стигнеме до победата на ова дерби", вели Дејан Блажевски.

Шампионот не е поразен на свој терен од Шкендија во меч од домашно првенство од март 2014 година, кога тетовци славеа со 2:1. Оттогаш на пет дуели по ред Вардар има 4 победи и едно реми.

Најново во Фудбал