Стандардна процедура

Вардар ја отвора само Северната трибина за дербито со Шкупи

Вардар и Шкупи ќе играат ново дерби во Првата лига и повторно со стандардните мерки за безбедност и со публика само на едната трибина, Северната за обичните гледачи

објавено: 14 април 2018 - 22:11

Вардар и Шкупи ќе играат ново дерби во Првата лига и повторно со стандардните мерки за безбедност и со публика само на едната трибина, Северната за обичните гледачи.

За популарните „Комити“ влезот ќе биде отворен вообичаено на Западната трибина, а сите останати гледачи ќе можат да се сместат на Северната трибина.

Мечот ќе се игра утре од 16 часот и повторно со вообичаените мерки за безбедност. Билетите чинат 100 денари и ќе можат да се купуваат само со приложување на лична карта.

Најново во Фудбал