СЕГА ПОЛЕСНО СЕ „ДИШЕ“

Вардар ја прекина најлошата серија на домашен терен во историјата

После пет натпревари без победа од кои на четири беа поразени, сега веќе екс првакот триумфираше вчера и прекина една лоша низа на свој терен

објавено: 17 мај 2018 - 10:30

Со триумфот над Академија Пандев, вчера Вардар ја прекина најлошата серија на домашен терен, со пет натпревари без победа. Едно „реми“ и дури четири порази беше низата на „црвено-црните“ во изминатите пет меча пред своја публика. 

Вардарци одиграа нерешено со Шкупи, а потоа како домаќини беа поразени од Работнички, Шкендија, Скопје и Пелистер. Долго време „црвено-црните“ не беа поразени на домашен терен од 2014 година од мечот со Шкендија, а серијата беше прекината во март на дуелот со Силекс кој Вардарци го одиграа со младински состав. 

Вардар против Академија Пандев триумфираше во последните мигови од мечот со 3:2, откако и струмичкиот состав на 2:2 имаше два „зицери“ да дојде до водство, и да го избегне поразот. 

Инаку последното коло за „црвено-црните“ ќе биде само формалност откако е јасно дека тие не можат да бидат симнати од втората позиција на табелата. 

Најново во Фудбал