Резултат што му одговара на шампионот

Вардар ќари од ремито на дербито меѓу Шкендија и Работнички (2:2)

Шкендија и Работнички одиграа нерешено 2:2 во дербито од 16. коло на македонското првенство, што му обезбеди повторно комотна предност на шампионот Вардар од 6 бода пред тетовци. Вардар ја победи Ренова, а му одговара и нерешениотн резултат во Кратово, меѓу Силекс и Пелистер

објавено: 27 ноември 2016 - 14:57

Шкендија и Работнички одиграа нерешено 2:2 во дербито од 16. коло на македонското првенство, што му обезбеди повторно комотна предност на шампионот Вардар од 6 бода пред тетовци. Вардар ја победи Ренова, а му одговара и нерешениотн резултат во Кратово, меѓу Силекс и Пелистер.

Шкендија на двапати водеше со головите на Ферхан Хасани, но гостите израмнуваа со погодоците на Филип Ивановски од пенал и на Кире Маркоски.

Вардар го скрши отпорот на Ренова со голот на Дејан Блажевски и сега е лидер со 37 бода, шест повеќе од Шкендија и 8 од Пелистер. Битолчани одиграа без голови на гостувањето во Кратово со Силекс. Идентично беше и „Под Тумбе кафе“ каде играа Победа и Македонија Ѓ.П., а без победник е исходот и во „Чаир“ меѓу Шкупи и Брегалница, но со резултат, 1:1.

Табела: Вардар 37, Шкендија 31, Пелистер 29, Работнички 24, Ренова и Силекс по 20, Шкупи 16, Победа 15, Македонија Ѓ.П. 11, Брегалница 9. 

Најново во Фудбал