ЈА ПОЧНУВА НОВАТА ЕВРОПСКА ПРИКАЗНА ВО ЕРЕВЕАН

Вардар ќе ги осветува Победа и Тетекс

Македонскиот вицепрвак е третата екипа која ќе излезе на мегдан со ерменскиот Пјуник и ќе се обиде да биде првата која ќе го елиминира.

објавено: 12 јули 2018 - 14:02

Вардар е третата екипа која ќе излезе на мегдан со ерменскиот Пјуник и ќе се обиде да биде првата која ќе го елиминира.

Претходно Пјуник играше со прилепска Победа и со Тетекс и двете ги елиминира во квалификациското коло. Со Победа во сезоната 2004/05 година победи на мечот одигран во Скопје 1-3,а во Ереван беше 1-1. Овој двомеч е запишан во европската клупска историја по казната која ја одреди УЕФА за македонскиот тим од осум години забрана за настап на меѓународната сцена и исфрлање во најнизок ранг на домашната сцена поради местење.

А, доживотни забрани за работа во фудбалот добија функционери од Победа. Во сезоната 2013/14 во квалифиакциско коло од Лига Европа Пјуник го елиминира Тетекс со 1-0 во Ереван и 1-1 во Скопје.

Натпреварот меѓу Пјуник и Вардар е закажан со почеток во 16 часот. 

Најново во Фудбал