ТРЕНЕРОТ ВАСОСКИ СО ГЛАВОБОЛКИ

Вардар на мега дербито без Новак, Попов, Попзлатанов...

По денешната катастрофа во Струмица, тренерот на Александар Васоски со нови проблеми. Најмалку тројца првотимци поради повреди не ќе можат да настапат на неделното дерби со Шкендија

објавено: 10 февруари 2019 - 21:07

На Вардар денеска му се случи катастрофа, бламажа во Струмица, кога од А. Пандев на „генералката" загуби со 1:6. Но главните проблеми за стратегот Александар Васоски се уште поголеми во пресрет на неделното мега-дерби со Шкендија во Тетово.

Имено тој поради повреди нема да може да смета на тројца свои клучни играчи. А тоа се Евгениј Новак, Горан Попов и Јовче Попзлатанов. Ниту еден од тројцата не настапи на денешната средба со Академија Пандев, Попов и Попзлатанов одамна се во „аут" додека повредата на стоперот од Украина е нешто ново.

Проблеми, проблеми за Васоски пред супер – дербито со Шкендија.

Најново во Фудбал