ЛЕВИОТ БЕК И ШАМПИОНОТ СЕ РАЗДЕЛИЈА

Вардар продолжува без Горан Попов

Горан Попов не е повеќе фудбалер на Вардар, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот. 

објавено: 14 јуни 2017 - 18:45

Горан Попов повеќе не е фудбалер на Вардар. Левиот бек и раководството на шампионот спогодбено го раскинаа договорот, кој имаше важност уште шест месеци.

Попов во редовите на Вардар дојде во 2014 година како играч на англискиот тим ВБА. Тој со „црвено-црните“ освои три шампионски титули. Во следните неколку дена ќе биде позната новата дестинација на некогашниот македонски репрезентативец.

Покрај Попов во новата сезона во дресот на Вардар нема да бидат уште Влатко Гроздановски и Благоја Љамчевски.    

Најново во Фудбал