Ново дерби во ист термин

Вардар сака нова ноќна журка, од 18 часот на Арената ќе гостуваат и Академците на Пандев?

Вардар сака да игра ново прволигашко дерби во ноќен термин, а тоа го најави тренерот Чедомир Јаневски. Во недела на шампионот ќе му гостува најпријатното изненадување сезонава, Академија Пандев и првиот меѓусебен меч на овие две екипи, можно е да се игра од 18 часот на Арената во Скопје

објавено: 20 ноември 2017 - 11:20

Вардар сака да игра ново прволигашко дерби во ноќен термин, а тоа го најави тренерот Чедомир Јаневски. Во недела на шампионот ќе му гостува најпријатното изненадување сезонава, Академија Пандев и првиот меѓусебен меч на овие две екипи, можно е да се игра од 18 часот на Арената во Скопје.

„Тоа е термин за уживање во фудбалската игра. Ќе инсистирам и против Академија Пандев да играме од 18 часот. Така ќе имаме и малку повеќе одмор, бидејќи од Санкт Петербург ќе допатуваме во петок“, вели Јаневски.

Вардар пред тој меч има обрврски во Европа и ќе му гостува на Зенит во четврток од 19 часот.

Најново во Фудбал