Ќе пазарат прво дома

Вардар се подмладува, Бесир Демири и Матеј Цветановски ќа играат за шампионот

Еден од македонските фудбалски јунаци, Бесир Демири ќе го засили Вардар во зимскиот преоден рок, а актуелниот шампион одлучи да се подмлади и да го ангажира и Матеј Цветановски

објавено: 23 декември 2016 - 14:48

Еден од македонските фудбалски јунаци, Бесир Демири ќе го засили Вардар во зимскиот преоден рок, а актуелниот шампион одлучи да се подмлади и да го ангажира и Матеј Цветановски.

Трансферот на Демири ќе предизвика вистински земјотрес во мак-фудбалот, бидејќи тој е член на Шкендија, лутиот ривал на Вардар, но речиси и да нема дилеми дека младинскиот репрезентативец ќе игра за шампионот. Демири игра на позицијата лев бек, една од болните точки во Вардар, а има 22 години. Тој беше стандарден член на младата репрезентација на Македонија со која ќе игра на Европското првенство во Полска идната година.

Цветановски е член на Македонија Ѓорче Петров и еден од најталентираните офанзивни играчи во Македонија. Со 19 години веќе е стандарден во првата постава на „лавовите“, а играше одлично во есенската полусезона и го сврте вниманието кон себе.

Вардар очекува уште неколку засилувања, а се чека конечна одлука за ангажман на неколку играчи од странство.  

Најново во Фудбал