Спогодбено раскинат договорот со голманот

Вардар се раздели со голманот Игор Алексовски

Игор Алексовски не е повеќе голман на Вардар. Двете страни се договорија на спогодбен раскин на договорот, една година пред истек на истиот. Алексовски веќе ја напушти „базата" на Вардар во Словенија.

објавено: 25 јуни 2018 - 17:05

Игор Алексовски не е повеќе голман на Вардар. Двете страни се договорија на спогодбен раскин на договорот, една година пред истек на истиот. Алексовски веќе ја напушти „базата" на Вардар во Словенија.

23-годишниот голман од 2016 година е дел од Вардар, кога дојде во нашиот тим од таборот на Македонија Ѓорче Петров. Голот на Вардар го чуваше на 24 официјални натпревари во изминатите две години. Своето деби го имаше на мечот од Лигата на шампионите против Динамо Загреб на мечот одигран на „Максимир".

На Игор му посакуваме многу среќа и успех во понатамошната кариера, и воедно му благодариме за досегашниот придонес во дресот на Вардар.

Најново во Фудбал