Спуштена е завесата на 26. домашен шампионат

Вардар слави титула, Работнички се посрамоти во Штип

Вардар одигра без голови против Силекс во последното, 36. коло во домашниот шампионат, но го заслужи пехарот и тоа десетти во македонските првенства, или вкупно 11. со титулата од Југославија. Финишот донесе и голеада во Штип, каде испадната Брегалница го декласира нашиот претставник во Европа, Работнички со 6:2

објавено: 31 мај 2017 - 18:30

Вардар одигра без голови против Силекс во последното, 36. коло во домашниот шампионат, но го заслужи пехарот и тоа десетти во македонските првенства, или вкупно 11. со титулата од Југославија. Финишот донесе и голеада во Штип, каде испадната Брегалница го декласира нашиот претставник во Европа, Работнички со 6:2.

Вардар пред неочекувано малку публика, ги немаше ниту илјади го крена пехарот и тоа заслужено и убедливо со 83 бода, 13 повеќе од Шкендија. Тетовци се простија со триумф од 3:1 против Пелистер, а и двете екипи ќе играат во квалификациите за Лига Европа. Третиот наш тим во ова натпреварување, Работнички се посрамоти во Штип и загуби со 2:6 од Брегалница. Штипјани доцна се разбудија и ќе бидат второлигаши од идната сезона, но барем се простија со спектакуларна победа. 

Победа го загуби првиот меч сезонава на стадионот во Могила, од Ренова со 0:3, но сепак со блескава серија во последните 10 натпревари успеаја да се спасат од испаѓање. 

Шкупи штедеше сили за бараж двомечот со Новаци и со резервен состав одигра нерешено, 1:1 со испадната Македонија Ѓорче Петров.

Резултати, 36. последно коло: Вардар - Силекс 0:0, Шкендија - Пелистер 3:1, Брегалница - Работнички 6:2, Победа - Ренова 0:3, Шкупи - Македонија Ѓ.П. 1:1.

Конечна табела: Вардар 83, Шкендија 70, Работнички 54, Пелистер 52 и Ренова по 52, Силекс 47, Победа 41, Шкупи 37, Брегалница 24, Македонија Ѓ.П. 23.

Најново во Фудбал