ШАМПИОНОТ СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ПРЕД ДУЕЛОТ СО КОПЕНХАГЕН

Вардар со апел: Ја замолуваме публиката за фер и коректно навивање, без навреди против УЕФА

Вардар се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите каде што во вторник на 25 јули во 20 часот ќе се сретне со Копенхаген. „Црвено-црните“ од своите фанови побара коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без навивање против УЕФА.

објавено: 22 јули 2017 - 16:55

Вардар се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите каде што во вторник на 25 јули во 20 часот ќе се сретне со Копенхаген. „Црвено-црните" од своите фанови побара коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без навивање против УЕФА.

„ВАЖНО: Ја замолуваме публиката за фер и коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без навивање против УЕФА. Ве потсетуваме дека токму УЕФА излезе во пресрет и ни дозволи да го играме овој натпревар на „нашиот" стадион на „Телеком Арената" во Скопје. Затоа Ве замолуваме да не истакнувате пароли и да извикувате против УЕФА, во спротвно ќе се соочиме со казна и со опасност следниот меч да го играме пред празни трибини. Поддршка е потребна, но таа да биде со фер и коректно навивање, со бодрење на момците во „црвено-црно" кои имаат историска шанса.

А, играчите, стручниот штаб и раководството ќе се погрижи да се мине и оваа пречка и тимот да го направи најголемиот успех од 70-годишното постоење на клубот“, се вели на официјалниот сајт на ФК Вардар. 

Најново во Фудбал