ПРОМЕНИ ВО ТАБОРОТ НА ШАМПИОНОТ

Вардар со „реновиран“ стручен штаб во ЛЕ

Белгискиот тренер Стефан ван дер Хејден, и тренерот на голманите Мане Манев, се приклучени во стручниот штаб на Вардар. Со тоа е комплетиран стручниот штаб на екипата во настапите за Лигата на Европа.

објавено: 7 септември 2017 - 17:00

Белгискиот тренер Стефан ван дер Хејден, и тренерот на голманите Мане Манев, се приклучени во стручниот штаб на Вардар. Со тоа е комплетиран стручниот штаб на екипата во настапите за Лигата на Европа.

Стефан ван дер Хејден ќе му биде асистент на Чедомир Јаневски на клупата на шампионот. Новиот тренер во минатото работел како помошник во екипите на Бриж, Локерен и Беверен. Во играчката кариера Ван дер Хејден играше во неколку белгиски клубови, а беше дел и од белгиската репрезентација.

Мане Манев во иднина ќе работи со голманите на сениорскиот тим на Вардар. Манев беше тренер на голмани во многу екипи во Македонија, а до сега работеше во младинските категории на „црвено-црните". Во минатото беше дел од стручниот штаб на националниот тим на Македонија.

Досегашниот тренер на голманите Саша Илиќ, после три и пол години заминува од клубот.

Дел од стручниот штаб на Вардар и понатаму остануваат Александар Влахо, Александар Васоски и Михајло Костиќ. Влахо во иднина ќе работи на скаутинг и на анализа, додека Васоски останува асистент на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски. Михајло Костиќ работи како кондициски тренер на екипата, и се грижи за физичката подготовка на играчите.

Најново во Фудбал