Продолжи традицијата

Вардар ужива во Битола, серијалот на шампионот против Пелистер продолжи со победа од 1:0

Вардар нема мака во Битола и повторно славеше во вечното македонско дерби против Пелистер со 1:0, со голот на Дејан Блажевски во 30. минута

објавено: 24 септември 2017 - 17:33

Вардар нема мака во Битола и повторно славеше во вечното македонско дерби против Пелистер со 1:0, со голот на Дејан Блажевски во 30. минута.

По одличната акција, Блажевски погоди по половина час игра, а Вардар по шести пат во последните 7 гостувања ја освои Битола. И се врати во ритам и остана во битка за врвот, заедно со Шкендија. тетовци останаа лидери со победа од 2:1 против Скопје на гостински терен, иако губеа со 0:1. Мишевски погоди за Скопје, а потоа Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани донесоа пресврт и важни бодови за Шкендија.

Силекс ја прекина серијата порази и со голот на Филиповски ја победи Победа со 1:0. Нов подвиг приреди Академија Пандев со победа над Работнички со 2:1. Романтичарите се вратија на националната арена „Филип Втори“, а Академците првпат играа на неа во Првата лига и веднаш славеа победа.

Резултати, 7. коло: Пелистер - Вардар 0:1, Скопје - Шкендија 1:2, Работнички - Академија Пандев 1.2, Силекс - Победа 1:0.

Табела: Шкендија 19, Академија Пандев 14, Вардар 13 (еден меч помалку), Шкупи 11, Силекс 9, Пелистер 8, Ренова 6, Работнички и Победа по 5, Скопје 3. 

Најново во Фудбал