Последното дерби на соседите од Градски Парк сезонава

Вардар во атак на 3:1, Работнички сака да израмни против шампионот

Работнички и Вардар денеска од 16,30 часот ќе го играат последното градско скопско дерби, сезонава, а бодовите многу повеќе им значат на популарните „романтичари“. За Вардар мотив е само престижот, бидејќи црвено-црните веќе ја одбрабнија титулата

објавено: 14 мај 2017 - 12:00

Работнички и Вардар денеска од 16,30 часот ќе го играат последното градско скопско дерби, сезонава, а бодовите многу повеќе им значат на популарните „романтичари". За Вардар мотив е само престижот, бидејќи црвено-црните веќе ја одбранија титулата.

Сепак дерби си е дерби, па како што велат од таборот на условно кажано гостите ќе се атакува на нова победа. Вардар досега забележа две победи против работнички во оваа сезона и еднаш беше поразен.

„Нема да се опуштиме, иако веќе сме шампиони. Ова е дерби и нам ни значи многу да победиме. Така ќе биде до крајот на шампионатот, без разлика што титулата е веќе освоена“, вели Бобан Николов.

За разлика од фудбалерите на Вардар, кои можат релаксирано и без поголем притисок да го играат дербито на 33. коло, домаќините, односно играчите на Работнички мораат да ги освојат бодовите. „Романтичарите“ имаат тежок распоред до крајот на шампионатот во битката да ја задржат третата позиција која гарантира настап во квалификациите во ЛЕ.

„Одиме на победа против Вардар. По победата во Кратово над Силекс, сакаме да продолжиме во победнички ритам и на преостанатите мечеви до крајот на првенството. Не очекува дуел со шампионот Вардар, што секако е мотив повеќе да одиграме најдобро што можеме. Имаме респект за противникот, но мислам и дека мотивите ќе бидат на наша страна. Имаме квалитет за да ги совладаме „црвено-црните", тоа сме го покажале и досега“, вели одличниот дефанзивец на Работнички, Себастијан Херера.

Дербито ќе се игра на „Филип втори“ арена од 16,30 часот, а останатите двојки во 33. коло се:

Брегалница - Победа, Македонија Ѓ.П - Шкендија и Ренова - Силекс.

Најново во Фудбал