ПО ОДМОРОТ ОД ДОЛГИОТ ПАТ, ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ТРЕНИНГ

Вардарци истрчаа на стадионот "Вазген Саргсјан" во Ереван

Експедицијата на Вардар веќе е во Ереван, каде пристигна доцна синоќа по долгиот пат од повеќе од 17 часа. Избраниците на Бобан Бабунски имаа доволно време за одмор пред единствениот тренинг на стадионот "Вазген Саргсјан". Бабунски има на располагање 22 играчи, дуелот со Пјуник се игра утре со почетокот во 16 часот. 

Инаку словачкиот арбитар Михал Оченаш ќе биде главен судија на овој меч, додека негови помошници ќе бидат Томаш Ворел и Михал Томчик. Четврти судија е Петер Зиемба.

објавено: 11 јули 2018 - 15:00

Најново во Фудбал