Стара пракса

Веќе стана навика и стандардна одлука од двете страни - Ново дерби Вардар - Шкендија без гостински навивачи

Вардар и Шкендија ќе играат ново дерби, утре од 14 часот во Скопје и повторно без гостински навивачи. На ред е четвртфиналниот двомеч во националниот куп, со стари навики кои ги практикуваат и двете раководства

објавено: 20 февруари 2018 - 15:40

Вардар и Шкендија ќе играат ново дерби, утре од 14 часот во Скопје и повторно без гостински навивачи. На ред е четвртфиналниот двомеч во националниот куп, со стари навики кои ги практикуваат и двете раководства.

Веќе и не се памети кога на дерби мечевите на „црвено-црните“ од Скопје и Тетово имало гостински навивачи. Така ќе биде и утре на Арената во Скопје, а идентично, без навивачи на Вардар ќе мине и реваншот во Тетово на седми март.

Најново во Фудбал