ПОТВРДЕНИ НАЈАВИТЕ НА „СПОРТМЕДИА"

Велинов и официјално во Академија Пандев

Искусниот офанзивец денеска и официјално беше промовиран во нов член на Академија Пандев. 

објавено: 4 јануари 2019 - 17:28

Најавите на „Спортмедиа" уште пред две недели денеска и официјално беа потврдени. Имено Академија Пандев го промовираше Стојанче Велинов како свое најново име. Познато е дека Велинов беше трансфена цел оваа зима на неколку клубови, но „пандевци" беа најбрзи и најконкретни.

Велинов досега во својата кариера има играно за Брегалница, Тетекс, Силекс, Ренова, Работнички а последен клуб му беше Трепча од Косово, каде ја мина есенската полусезона. Покрај Велинов струмичани досега се пофалија со Кристијан Стојкоски, еден од најдобрите офанзивци во Првата лига на Македонија и со враќањето на Александар Мишов, екстра талентираниот млад напаѓач. Се најавуваат уште нови имиња, во зависност од потребите на тимот на стратегот Југослав Тренчовски.

Најново во Фудбал