Смена во Чаир

Висар Ганиу си замина од Шкупи, Ардијан Нухии е нов кормилар

Висар Ганиу не е повеќе кормилар на Шкупи, а како привремена замена тимот од Чаир ќе го предводи Ардијан Нухии

објавено: 29 ноември 2016 - 13:10

Висар Ганиу не е повеќе кормилар на Шкупи, а како привремена замена тимот од Чаир ќе го предводи Ардијан Нухии

Денеска претпладне Ганиу си поднесе оставка. Според сега веќе поранешниот тренер во клубот владеат нефудбалски односи и има финансиски проблеми и непрофесионалното работење. Сепак мора да се нагласи дека Шкупи нема победа на последните 6 натпревари, комбинирано во домашното првенство и во националниот куп.

На местото на Ганиу доаѓа поранешниот фудбалер на Шкупи и на уште неколку клубови во Македонија, Ардијан Нухии. Шкупи утре од 13 часот игра со Силекс, на гостински терен во рамките на 17. коло во едомашното првенство, а има шанса и за полуфиналето во Купот, по ремито, дома во првиот меч со Шкендија.

Најново во Фудбал