Домаќините грмат на судиите

(Видео) Влазрими славеше во дербито, во Лабуништа велат: Судијата ни ја украде победата

Влазрими го победи тимот на Лабуништа со 2:1 на гостински терен во последниот меч од 22. коло од Втората лига Запад, а домаќините имаат многу забелешки на судењето

објавено: 22 април 2018 - 20:51

Влазрими го победи тимот на Лабуништа со 2:1 на гостински терен во последниот меч од 22. коло од Втората лига Запад, а домаќините имаат многу забелешки на судењето.

„Ова е срам за македонскиот фудбал. Нека се срамат и луѓето од фудбалската федерација на Македонија“, велат од таборот на Лабуништа. Домаќините поведоа со голот на Климе Далчески во првото полувреме, а пресврт се случи во вториот дел. Мурат Адили и Белул Небиу со по еден погодок му донесоа победа на Влазрими, екипа што се врати во битката за првото место, со само еден бод помалку од лидерот Македонија Ѓорче Петров.

Од Лабуништа реагираат на како што велат лошата и пристрасна арбитража на судиите, предводени од Ндерим Тефику, кој беше главен судија на мечот.

Најново во Фудбал