Пролениот дел од сезоната во ПМФЛ сепак ќе почне без проблеми. Домаќинот на големото дерби меѓу Шкендија и Вардар во моментов го расчистува теренот, кој вчера беше покриен во снег. Сојузиник на сите оние кои се домаќини на денешните мечеви се одличните временски услови, снегот и дождот престанаа да паѓаат, а сонцето блесна кога беше најмногу потребно...Фудбал ќе се игра и во Кратово и таму стадионот е во добра состојба.
ФОТО: СПОРТМЕДИА
објавено: 14 февруари 2018 - 11:15