СКАНДАЛОЗНО

Судии со знак на ФФМ судеа на „сеалбански турнир“ во Тетово! (ФОТО)

Скандалозен настан со иредентистички предзнак и под маската на фудбалски турнир се одржал викендов во Тетово по повод прославата на албанското знаме и независноста на западниот сосед, на кој младински екипи од четири градови во регионот, меѓу кои и од Црна Гора и од Србија играле на сеалбански турнир по повод отварање на еден фудбалски терен во градот под Шара.

објавено: 30 ноември 2015 - 13:42

Во Тетово викендов се одиграл сеалбанскиот турнир на младинци, на отварањето на фудбалски терен, на кој присуствувала градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која и го отворила теренот. На истиот играле екипи од Тетово, Пеќ (Косово), Улцињ (Црна Гора) и Терновци од општина Бујановац (Србија), односно екипи од сите делови каде што живеат Албанци во регионот. И сето ова под маска на големоалбански турнир и иредентистичкиот сон за обединување на сите Албанци во една татковина. Шокирачки во сето тоа е што турнирот го суделе арбитри, кои носеле опрема од Фудбалската федерација на Македонија, а турнирот го следеле и членови на УО на ФФМ.

Да не остане само на еден турнир, тетовска Шкендија, која сезонава бие битка за трофеите во македонската фудбалска лига, го испратила својот Б-тим на пријателски „турнир на независноста“ во Драч.

Б-тимот на тетовските црвено-црни го освоиле трофејот за фер-плеј на турнирот, на кој играла екипата Фероникел од Косово, Отрант од Црна Гора и Б-тимот на Партизани од Тирана. Инаку ова бил седми турнир по ред, а Шкендија учествувала на шест од нив и во 2012 година го освоила - на 100-годишнината од независноста.

На турнирот во Драч, присуствувал и првиот човек на фудбалската организација на Косово, Фадиљ Вокри, кој неодамна беше во работна посета на ФФМ и бараше поддршка за приемот на оваа држава во ФИФА и во УЕФА.

Најново во Фудбал