Необичен ден во македонската Прва лига

Враќање во иднината, Академија Пандев и Вардар играат меч од 8. коло, сите останати го возат 17. круг

Интересно е актуелното 17. коло во домашното првенство, кое продолжува денеска, но само со уште три, наместо четири натпревари, по вчерашното дерби на Тетово, во кое Шкендија со победа од 6:1 против Ренова ја прослави есенската круна. Денеска дерби е мечот меѓу Академија Пандев и Вардар, но тој меч е од осмото коло

објавено: 26 ноември 2017 - 11:45

Интересно е актуелното 17. коло во домашното првенство, кое продолжува денеска, но само со уште три, наместо четири натпревари, по вчерашното дерби на Тетово, во кое Шкендија со победа од 6:1 против Ренова ја прослави есенската круна. Денеска дерби е мечот меѓу Академија Пандев и Вардар, но тој меч е од осмото коло и се води како заостанат, поради обврските на шампионот на европската сцена.

Двете екипи за првпат ќе играат првенствен меч меѓусебе, а интересот во Струмица е огромен.

„Шампионот е инспирација за нас. Имаат квалитетен состав, играат во Европа Лигата што за македонскиот фудбал е голема работа, но ние покажавме против сите екипи дека имаме прволигашки квалитет. Секако дека наша предност е домашниот терен. Во Струмица тешко се минува.  Од друга страна, Вардар има многу густ распоред, во четвртокот играа против Зенит во Русија. Сигурно нема да бидат најсвежи и тука треба да ја бараме нашата шанса. Го респектираме Вардар, ќе биде тешко, но ние ќе играме со многу жар и борба за секоја топка, за да дојдеме до поволен резултат", вели Сашко Пандев.

Најавено е и присуство на навивачи на Вардар, денеска на мечот во Струмица од 13 часот, што ќе биде дополнителен мотив и за двете екипи да одиграат добар меч.

Двојки, 17. коло, 13 часот: Пелистер - Шкупи, Силекс - Работнички, Скопје - Победа.

Најново во Фудбал