ВРИЕ ВО ВАРДАР, А НИКОЈ НЕМА СИЛА ДА ПРЕВЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ

Време е да „летаат“ глави!

*Прв на удар е спортскиот директор Дарко Панчев кој вчера се обиде да се ослободи од одговорноста и врелиот компир го даде на Самоил Симев и Мирко Спасески... Со години кај „црвено-црните" не се знае кој ора а кој копа во однос на тоа чија комбинација ќе помине и кој екстра ќе заработи од провизиите...

објавено: 6 јули 2018 - 12:00

Каков е тој спортски директор па и тренер ако не знае кој му носи фудбалери!? Кој ги носи фудбалерите во Вардар од Бразил и Аргентина!? Играчи за кои дел од првотимците се смеат на нивниот изглед и квалитети но сепак таквите „помомале" и веќе се играчи на Вардар. Едниот Бразилец бил со вишок на килограми додека засилувањето од Аргентина имал проблематични колена на двете нозе. Третиот исто така од Бразил имал одиграно важен меч во Серија Д во Италија. Кој ви даде клуб да водите!?

Да нема крај на циркузите во Вардар се погрижи спортскиот директор Дарко Панчев кој во свој стил бега од одговоноста и сега вината ја префрла кај другите. Панчев не бил информиран за новите засилувања!? Тој врелиот компир сега го дава во рацете на оние од другите - Самоил Симев и Мирко Спасески.
Можеби вака гледано од страна ова не е нормално но во Вардар вака се работи со години и години. Тензиите ескалираат сега затоа што сите си тераат со своите суети. Се доцни со исплатата на платите и премиите па удри по провизиите.

САМСОНЕНКО ТРЕБА ДА „ПРЕСЕЧЕ"

Главната причина за хаосот во најтрофејниот клуб е тоа што на време не се превземаа мерки. Не се казнуваа и отстрануваа оние кои грешеа, кои правеа глупости и кои земаат пари од клубот а од нивната работа нема никаков ефект. Лесно е сега да се удри само по Дарко Панчев.


Затоа тензиите може да ги реши само Серген Самсоненко. Да стави крај на неспособните и во клубот да ангажира професионалци. Успесите и резултатите на екипата со години беа над капацитетот, способноста и менаџирањето на екипата од страна на комплетната управа. Недомаќинското работење доведе со богатење на одредени „вечни" структури на штета на клубот кој и покрај големите успеси неуспеа доволно да наплати и да застане на нозе. Таквите внатрешни струи излегоа на површина по заминувањето на Гоце Седлоски (го „наместија" играчите) а кулминираа по отказот на Чеде Јаневски (го "наместија" играчите со знаење на управата). И првиот и вториот тренер беа премногу пред ова што сега е во Вардар од фудбалски апскт и менаџирање на тимот. Ако Сергеј сака добар Вардар мора сега да сече „глави" затоа што секоја недела загубена значи и губење на сезоната која следи. Во Европа! Овој тим нема капацитет за ланската историја.

ЕДНИТЕ ВО БАРИ ДРУГИТЕ СО ПРОВИЗИИ
Дарко Панчев и Илија Најдоски се легенди на мак-фудбалот и на Вардар и тоа никој не може да им го одземе. Како фудбалери беа на врвот на светот. Но од минатото не се живее. Модерниот фудбал е далеку од пред она време и финале на Црвена Звезда и победата над Олимпик Марсеј. Поминаа 25 години од тоа време. Да работиш во клуб треба да се знае како. Да не ти кажат за засилување а си спортски директор!? Ај тоа нека се случи во некој друг добро организиран клуб во регионов. Чао и довидување. Нема трето. Функцијата спортски директор значи и 24 часа да се биде во функција на тимот. Сениорите се главен приоритет а потоа останатите карики.
И додека едниве „спијат" оние другите кои се исто така директори си фаќаат сеир на сметка на овие „заспаните". Па така зборуваат како златниот секој ден идел на работа по бермуди и иста кошула. Се на се од глупост во глупост наместо да ги засукаат ракавите. Но ете и ќе ги засукаат но што знаат да работат!? Менаџери, провизии, агенции за подготовки, разлика во цени... Интерес! И на крајот тие се само чити а другите не чинат иако околу нив се е потоп но опстануваат со лигавења и лажења. Н ги бива и затоа во Вардар дојде до ова безредие.

СЕКОГАШ ЗА ПАРИТЕ - НИКОГАШ ЗА ВАРДАР
Кога Сергеј Самсоненко го превзема Вардар се отвори нова страница во богатата клубска историја на најтрофејниот клуб во Македонија. Стартот беше климав но многу брзо тимот стана бренд во земјава но и регионот. И веднаш хиените почнаа да летаат околу клубот. На некои им испеа да влезат во медот а другите продолжија да летаат и да чекаат своја шанса за комбинација. Во еден двор само еден петел може да биде главен а не како сега кога сите се петелчат и никој не „кукурика". Дека Вардар си пати од „своите" се гледа сега. Бараа „РЕВАРДАРИЗАЦИЈА" а добија тотална кататсрофа. Сите тие од прв до последен во минатото гледаат како Вардар умира, како нема пари за судии, како испаѓа клубот од Првата лига. НИКОЈ, НИКОЈ, НИКОЈ... Од овие сегашните профитери не даде пет банки за нивната љубов во тие тешки денови. Кога дојдоа парите и тие дојдоа.

Најново во Фудбал