Доаѓа на Чаир на шест месеци

Вујчиќ го засили Шкупи

Стефан Вујчиќ е нов играч на Шкупи, а на „Чаир“ ќе игра во следните шест месеци, односно до крајот на сезоната

објавено: 11 јануари 2018 - 12:04

Стефан Вујчиќ е нов играч на Шкупи, а на „Чаир" ќе игра во следните шест месеци, односно до крајот на сезоната.

За него ова е трет клуб од Македонија за кој ќе настапува, откако кај нас во домашниот фудбал почна во Работнички, а потоа се пресели во Шкендија.

Вујчиќ е роден во Германија и таму настапуваше за Холштајн Кил. Шкупи најави дека утре ќе биде промовиран и Баж Илијоски, најдобриот стрелец во историјата на македонските првенства.

Најново во Фудбал