Работнички го претстави Нигериецот

За крај на летниот преоден рок - Чарлс Гофри!

Раководството на Работнички го претстави Нигериецот Чарлс Гофри, кој, според „романтичарите", ќе биде и последното засилување во летниот преоден рок.

објавено: 8 септември 2017 - 12:30

Екипата на Работнички го претстави своето последно засилување, Нигериецот Чарлс Гофри.

На последниот ден од летниот преоден рок „романтичарите" го комплетираа трансферот на овој нигериски интернационалец. Станува збор за еден 19. годишен напаѓач кој потпиша едногодишен договор со тимот од Дебар Маало, а доаѓа од албанскиот прволигаш Скендербег.

Нигериецот веќе е дел од тимот и е вклучен целосно во работата со тимот на Виктор Треневски, кој в недела, во рамките на четвртото коло од новата сезона во Првата лига, го очекува гостување на Чаир и дуелот против Шкупи.

Најново во Фудбал